Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосНАСА откри нешто чудно на Марс

НАСА откри нешто чудно на Марс

НАСА преку роверот „Кјуриосити“ откри нешто досега неочекувано на „Црвената планета“ кое може да укажува на геолошки процеси сосема различни од нашата планета.

Откриен е минералот тридамит кој се формира само при екстремно високи температури, па штом на Марс нема вештачки процеси на затоплување најверојатно станува збор за остаток од силна вулканска ерупција, факт кој досега беше непознат за научниците на НАСА.

mars krater 2

Според научникот Ричард Морис доколку престојните тестови ја потврдат теоријата тогаш постои можност за сосема нови импликации за тоа како еволуирала планетата Марс.