HomeДЕНЕШНАПолитикаНародот веќе ги прочитал намерите на Заев, смета Груевски

Народот веќе ги прочитал намерите на Заев, смета Груевски

gruevski-miting-gvg

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Гевгелија кој се одржа вчера покрај ветувањата за граѓаните не пропушти ниту да упати обвинувања кон неговиот директен конкурент Зоран Заев за кој посочи дека народот веќе му ги прочитал намерите за деструкција, па затоа знае кого ќе го одбере на изборите.

-Народот ја виде играта и виде дека сите тие нереди што се случуваа во земјата не беа случајни и дека некој се ставил во нечија служба. Народот е мудар и остана со опцијата која гради и работи за сите граѓани. Сега сликата е јасна. Причините за најтешката политичка криза и зошто Заев ја прифатил улогата јасно се гледа. Тоа не е само муабет, туку опасна и штетна идеја за рекомпонирање на државата. Тој таа идеја ја напишал и во својот памфлет и самиот ја најави во Швајцарија, истакна Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com