Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНародна банка со нова серија на колекционерски монети

Народна банка со нова серија на колекционерски монети

Народната банка на Република Македонија ја промовираше новата серија „Ден на Ангел” на луксузни колекционерски монети составени од паричките „Владимир”, „Наталија“ и „Олга” кои чинат 3500 денари, изработени се од сребро, збогатени со кристали Сваровски, а имаат апоени од 100 денари.

Сите монети во аверсот имаат изгравиран ангел над дете во моментот на кршетавање, како и посебни мотиви. „Владимир” е посветена на свети Владимир – Владимир I, великиот кнез на Киев и на цела Русија, истакнат политички владетел во античките времиња, кој го прифатил христијанството во 998 година и ја христијанизирал Киевска Русија. „Наталија“ е инспирирана од света Наталија од Никомидија – ранохристијанска маченичка (почеток на IV век), сопруга на маченикот Адријан од Никомидија.

Третата паричка „Олга” светата рамноапостолна Олга, сопруга на киевскиот велики кнез Игор. Кнегињата Олга била првата жена владетел во Русија и првата владетелка на Русија која го прифатила христијанството. Таа била канонизирана како прва руска светителка од православната црква.