HomeДЕНЕШНАСветНарко бандите го собориле бразилскиот полициски хеликоптер

Нарко бандите го собориле бразилскиот полициски хеликоптер

brazil-policiski-helikopter

Бразилската полиција верува дека хеликоптерот во кој загинаа четворица полицајци, бил соборен од вооружените припадници на шверцерите на дрога.

Според бразилските медиуми, четворицата полицајци учествувале во широката операција за откривање и апсење на бандите кои шверцуваат дрога, во сиромашната населба Божјиот град, како воздушна поддршка на специјалните единици распоредени низ тој дел од Рио де Жанеиро.

Непосредно пред да се урне хеликоптерот, врз леталото било пукано од делови на населбата. Истражните органи, засега, не може да ги потврдат овие сомнежи на полицијата, но не ја исклучуваат таквата можност, затоа што тоа не би бил прв таков случај во Рио де Жанеиро.

Во 2009 година шверцерските банди пукаа и соборија полициски хеликопер, кој се урна со експлозија врз еден фудбалски терен. Во овој инцидент, загинаа двајца полицајци.

– Во тек е деталното испитување на остатоците од хеликоптерот со четворицата полицајци. По тоа ќе се знае точната причина за падот, изјави претставник на истрагата за домашните медиуми.

Рио де Жанеиро кој пред 2,5 месеци беше домаќин на Летните олимписки игри, е познат по високиот степен на насилство. До крајот на септеври годинава, се регистрирани 3649 убиства во градот, најмногу во делот на фавелите, што е за 18 отсто повеќе во споредба со минатата година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com