HomeДЕНЕШНАПолитикаНаредба семејствата да враќаат пари за социјалната помош која ја земале од починатите

Наредба семејствата да враќаат пари за социјалната помош која ја земале од починатите

socijala

Пишана наредба да ги вратат итно парите што ги примале починати лица како социјална помош ќе добијат 134 нивни роднини на кои ќе им бидат блокирани трансакциските сметки се додека не ги вратат парите. МВР и ДИК веќе добиле известување од Министерството за труд и социјална политика за фантомите и започнале истрага.

Министерката за труд Фросина Ременски вчера на прес конференција откри дека 134 починати лица две години примале социјална помош за што од Буџетот на Македонија се потрошени 1.818.996 денари или близу 30.000 евра. Досега откриените случаи се од Тетово и Тетовско.

– Роднини на починати лица од Тетово и околината само во МВР ги пријавиле починатите, а не и во МТСП. Две години си молчеле и си добивале пари од државата на име парична помош од државата, иако знаеле дека тоа е незаконски. Но, не правале незаконитости само тие. Вработени во Центарот за социјални работи во овој град, не го почитувале законот. Центарот за социјални работи во Тетово не постапил по службена должност, односно не утврдил промена во условите за користење на правото на надоместок за нега од друго лице. И по престанокот на условите за стекнување на правото, односно кога лицето кое добивало пари било починато, службениците од овој центар не пишувале решение исплатата да се стопира. Исто така, службеници од оваа државна институција и покрај тоа што имале сознание дека корисникот починал за што добивале вратени уплатници за исплата дека лицето е починато, не обезбедувале докази по службена должност од матичната книга на умрени и не започнувале постапка за донесување на решение за престанок на правото на паричен надомест – тврди Ременски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com