Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНапредува обновата на конаците на опожарениот манастир Трескавец

Напредува обновата на конаците на опожарениот манастир Трескавец

По долга кампања за донации во јавноста и заложување на повеќе фактори конечно напредува обновата на конаците на манастирот Трескавец во прилепско кои беа опожарени со што ќе им биде вратен стариот сјај и ќе се вметнат и механизми за заштита на духовното богатство.

treskavec-uvid-3

 „Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трексавец е од највисок ранг споменик на култура. Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди“, рече министерката Канческа Милевска при нејзиниот увид во проектот.

treskavec-uvid-2

Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.