Saturday, Sep 23, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопје„Напред розово 2015“ – прошетка низ Скопје против ракот на дојка

„Напред розово 2015“ – прошетка низ Скопје против ракот на дојка

Денес во главниот град ќе се одржи розова прошетка како дел од седмата по ред традиционална Кампања за борба против рак на дојика. Околу 1.500 учесници на патека долга три километри ќе се обидат да испратат порака за важноста на раното дијагностицирање и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над овој вид на рак.

Кампањата за борба против рак на дојка е организирана од здружението „Борка-за секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.