Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамНаправил мотор кој троши еден литар ВОДА на 500км!

Направил мотор кој троши еден литар ВОДА на 500км!

Во моментите кога полните гориво, колку пати сте посакале вашиот мотор да работи на вода? Еден бразилец го направил тоа на дело! Рикардо Азеведо од Сао Паоло направил чудесен мотор кој може да помине 500 километри со само еден литар вода. Имено, акумулаторот на моторот го користи водородот од молекулите на водата и така создава електрична енергија, со чија помош се придвижува моторот.

Рикардо на видеото покажал како тоа функционира, а пред да стави вода во резервоарот испил неколку голтки како би докажал дека во шишето навистина има вода.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/jV8rpumumxo” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Тој исто така покажал како се движи моторот. На овој начин сакал да го промовира својот изум како еколошка машина.

– Предноста на овој изум кој користи водород од молекулите на вода е во тоа што издувните гасови се водена пареа.