Tuesday, Apr 23, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текНаправете сами холограм од вашиот телефон

Направете сами холограм од вашиот телефон

Научете како сами да си направите 3D холограм. За оваа намена ви е потребна проѕирна пластика. Само погледнете го видеото и следете ги внимателно инструкциите на YouTube-рот „Mrwhosetheboss“ – запазете ги димензиите на парчињата, кои потоа треба да ги залепите со селотејп или било што, колку да не паднат. Треба да добиете мала пирамида без основа одоздола, која потоа треба да ја свртите наопаку. Целата постапка трае 5 минути.

За оваа намена ви требаат неколку специјални 3D видеа, кои може да се употребуваат за ваква технологија. Ја ставате малата пирамида наопаку на средината на вашиот смартфон, исклучете ги сите светла и уживајте. Ова не е нешто професионално, но сепак 3D холограмот е екстравагантен и ние искрено не можеме да му одолееме.

 

Извори: telefoni.mk