Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманНаправете палачинки без употреба на грам брашно

Направете палачинки без употреба на грам брашно

Сигурно ви звучи неверојатно збунувачки, но вистина е дека можете да направите вкусни палачинки без да употребите брашно. За тоа ви се потребни само три состојки:

* 3 банани
* 4 јајца
* 1 лажица кокосово масло (може и обично, но препорачливо е кокосово)

Трите состојки ги ставате во блендер и блендирате 1 до 2 минути. Начинот на припрема е оставен на вас – смесата можете да ја ставите на тостер, во тавче премачкано со кокосово масло или во рерна. Важно е да се напомене дека палачинките треба да се готват на потивок оган и да се направат подебели од вообичаеното.

Добар апетит.