Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНаправена баклава за Гинис во Словенија

Направена баклава за Гинис во Словенија

Направена најголемата и најтешката баклава на светот, за која сметаат дека ќе влезе во книгата на рекорди на Гинис, објави сајтот „Кафе дел Монтенегро“. Тоа го средија женското здружение „ЗемЗем“ од Љубљана.

Баклавата, тешка 310 килограми и долга 18,75 метри, пред два дена беше расечена на парчиња и раздадена на граѓанте од страна на босанскиот актер Енис Бешлагиќ и градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, во рамки на традиционалниот фестивал на храната во Љубљана. Доброволните приходи од акцијата се наменети за изградба на џамија во словенечката престолнина.

Инаку, на истиот фестивал беше делено и неколку стотини литри кафе, сварено во огромно ѓезве, кое пред неколку години исто така влезе во книгата на Гинис, како најголемо во светот.