Monday, Dec 11, 2017
HomeДЕНЕШНАСветНапнатост меѓу САД и Кина – Обама загрижен за однесувањето во сајбер просторот

Напнатост меѓу САД и Кина – Обама загрижен за однесувањето во сајбер просторот

sajber1

Барак Обама, на крајот од дводневните разговори со кинеските официјални претставници во Вашингтон, изрази загриженост заради однесувањето на Кина во кибер просторот како и заради тензиите околу спорната зона во Источно Кинеско Море.
kina
„Тој ја повика Кина да преземе акција за намалување на оваа напнатост“, соопшти Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери кажа дека Кина и САД се договориле да соработуваат за да го довршат кодексот на однесување во кибер просторот.

Кери додаде дека хакерските упади предизвикале загриженост во областа на безбедноста и им предизвикале штети на американските фирми, наведуваат американските медиуми. Разговорите на високо ниво во Вашсингтон се вовед во посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг на САД оваа есен.