Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПокренато обвинение против напаѓачот на Шекеринска

Покренато обвинение против напаѓачот на Шекеринска

Основното јавно обвинителство – Скопје, во врска со настаните во Собранието на 27 април, информира дека спровело истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело „насилство“, за што е предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.

По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен и Обвинителен акт против осомничениот.

„Лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, соопшти ОЈО.​