Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНапаѓачот на Шеќеринска меѓу другото доби и забрана да протестира

Напаѓачот на Шеќеринска меѓу другото доби и забрана да протестира

Основното јавно обвинителство поведе постапка за уште две лица инволвирани во нередите во Собранието на 27 април оваа година, откако Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против нив за учество во толпа што ќе изврши кривично дело – соопштуваат од ОЈО.

За едно лице надлежниот јавен обвинител определил мерки за претпазливост, велат од Обвинителството, откако ја утврдил правната квалификација во услови на обемна медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот. Неофицијално, за напаѓачот на Шеќеринска, обвинителот определил забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа, забрана за приближување на место каде се одржува протест во растојание од 500 метри и забрана за приближување кон лицата кои се оштетени воовој настан.

За другото лице против кое е поднесена кривична пријава судот определил мерка куќен притвор во траење од осум дена. Обвинителите според доказите ја прифатиле правната квалификација за сторено кривично дело и до судиите на претходна постапка доставиле предолог за определување мерка на обезбедување, а Судот го определил куќниот притвор, се вели во соопштението.