Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНапаѓачот на Шекеринска ја призна вината

Напаѓачот на Шекеринска ја призна вината

За виновен се изјасни обвинетиот за напад на Радмила Шеќеринска, во Собранието на 27 април 2017 година. На денешното судско рочиште обвинетиот Панче Ангелов изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт.

Тој ја повлече за коса Шеќеринска, откако беше удрена со метален статив по глава.

Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес салата на Собранието. Прво упатил закани кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шеќеринска, а фрлил и шише кон други пратеници.