Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНапаѓачот на Димитриевски кој се жалеше на повреди, ја напушти Македонија

Напаѓачот на Димитриевски кој се жалеше на повреди, ја напушти Македонија

Еден од напаѓачите на пратеникот на СДСМ од Куманово, Максим Димитриевски, кој се жалеше пред камерите на порталот „Курир“ за наводно извлечен подебел крај од напад од страна на Димитриевски, веднаш оздравел и ден по настанот бил кум на свадбена веселба, пишува „А1он“.

Веднаш по ова експресно ја напуштил државата во тек на полициската истрага.

Добар дел од полицајците кои што вечерта биле на работа додека е заведуван случајот или се на боледување или под други образложенија не се појавуваат на работа.

Димитриевски се жалеше на монтиран процес и свесни пропусти во постапката, бришење на неговата пријава од полицискиот дневник, свесно уништување на докази и злоупотреби на службена положба.

А1 дознава дека еден од напаѓачите, вооружен полицаец во цивилка, според исказот на Димитриевски, во алкохолизирана состојба со насилство атакувал на него, пред да се појави на местото на настанот предходно седел и пиел заедно со началникот на СВР Куманово и дел од колегите кои што вечерта биле во интервенција по пријавата на пратеникот и вработените во ресторанот.

МВР излезе со експресно соопштение иако случајот сеуште не е расчистен, провладините медиуми го искористија како алиби да го оцрнат пратеникот, МВР во еден ден објави две наменски информации во кои го злоупотреби идентитетот на пратеникот и со тоа му нанесе штета, тоа се гледа од приложените слики.

– Кој го мести Димитриевски и од жртва се обиде да го представи како злосторник?

Го контактиравме и прашавме Максим Димитриевски за овие наводи, ни рече дека во случајот се инволвирани високи партиско полициски структури на власта, поседува многу докази и истите ќе ги изнесе во целост во легитимна законска постапка.

„Вистината не може да се сокрие, ќе следува постапка кој ќе го докаже тоа, во системот покрај партизираните и корумпираните има и професионалци, верувам дека токму тие ќе го расветлат случајот“, вели Димитриевски за А1он.

Димитриевски објави и видео на кое се глед, како што вели вистината, дека е нападнат на семејна веселба.