Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНапаѓачите правеле ортоми да ги дават пратениците

Напаѓачите правеле ортоми да ги дават пратениците

Голема среќа е што вчера нападнатите пратеници успеале да спасат жива глава бидејќи гневните напаѓачи имале цел дури и физички да ги ликвидираат.

Според информациите на универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, дел од насилниците правеле и ортоми, од каблите на камерите и опремата на новинарите, со кои наводно имале намера да ги задават пратениците.

– Во тој момент кога навистина имале страв дека им е загрозен животот, еден од припадниците на обезбедувањето испукува куршум, што е нормална реакција, бидејќи проценил дека неговиот живот, но и на оние што ги обезбедува е загрозен. По она што јас го видов, според повредите на пратениците, насилниците треба да одговараат не за насилство, туку за обид за убиство, вели Пивоваров.

Извор: fokus.mk