Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНапаѓачите на Села во притвор – се товарат за обид за убиство

Напаѓачите на Села во притвор – се товарат за обид за убиство

Двајцата осмничени за нападот на пратеникот Зијадин Села се сомничат за Обид за убиство. Основното јавно обвинителство ја преиначи одлуката, па така осомничените татко и син, наместо за учество во топла како што се товареа претходно, ќе одговараат за Обид за убиство. За нив ќе биде спороведена мерка притвор, одлучи обвинителството.

„Од досега прибавените докази, Основното јавно обвинителство – Скопје оцени дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се неидентификувани, го извршиле кривичното дело Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 22 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двете лица за наведеното кривично дело. Истовремено, по оценка на Јавното обвинителство, против осомничените неопходно е да биде изречена мерка за нивно обезбедување, поради што јавниот обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за одредување на мерка притвор, бидејќи постојат сите законски основи за тоа.

Воедно, заради целосно расчистување на овој кривично-правен настан од страна на јавното обвинителство издадени се наредби за итно постапување на Министерството за внатрешни работи заради обезбедување на релевантна документација и податоци“ – се вели во соопштението од ОЈО​

Кире Ѓеоргиевски и неговиот татко И.Ѓ. беа приведени во нивниот дом за напад кој го извршиле над пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април.

По наредба на судија на претходна постапка бил извршен и претрес во домот на Ѓеоргиевски и биле пронајдени и одземени патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони.

„К.Ѓ. заедно со неговиот татко Ц.Ѓ. (68) се приведени во ПС Кисела Вода. При преземањето на мерките и активностите било утврдено дека во салата 3, каде се одржувала прес конференција, Ц.Ѓ. најпрвин фрлил стол, а К.Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот З.С. “- пишува во соопштението на МВР.