Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Напад врз амбасадата на Русија во Киев

(Видео) Напад врз амбасадата на Русија во Киев

Непознати лица фрлиле запалени пиротехнички средства врз руската Амбасада во Киев, само еден ден пред одржувањето на парламентарните избори во Русија, јави Спутњик.

Инцидентот се случил ноќеска околу 1 часот по локално време (околу полноќ по средноевропско време).

Дваесетина лица запалиле пиротехнички средства во близина на зградата на Амбасадата, а потоа побегнале од местото на настанот.

Зградата на Амбасадата не претрпела видливи оштетувања.

Украинската полиција започна истрага, но досега никој не е приведен, наведуваат украинските медиуми.