HomeДЕНЕШНАРепубликаНападната полицајка во Велес

Нападната полицајка во Велес

Полицајка била нападната од двајца жители на велешкото село Горно Оризари додека вршела контрола во сообраќајот. Полицијата соопшти дека А.К. (35) и А.К. (34), двајцата од с. Горно Оризари, ја нападнале полицајката на улицата Илинденска во Велес додека ги проверувала нивните документи.

Имено, едниот од двајцата жители на Горно Оризари управувал со мопед со кој направил прекршок поради кој од страна на полицајката добил наредба да запре. На даден знак да го запре мопедот, А.К. продолжил со движење и застанал на наведената улица. Откако полициската службеничка им побарала документи, двајцата почнале да ја навредуваат, ја влечеле за униформата и ја удирале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com