Тинејџер нападнат во скопски Аеродром
17 годишно момче утринава околу 02 часот било физички нападнато од поголема група хулигани на булеварот Јане Сандански во скопската населба Аеродром.
Како што соопштуваат од МВР, Н.А. околу 02:10 часот бил физички нападнат од поголема група лица со тврди предмети, по што го напуштиле местото на настанот. Истиот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
МВР работи на расветлување на случајот.
Н.С