Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНападнат полицаец на спортско игралиште

Нападнат полицаец на спортско игралиште

Полициски службеник синоќа околу 23:30 часот бил физички нападнат од страна на З.И.(33) и Е.И.(28) при превземање мерки по претходна пријава за гласна музика на спортско игралиште на ул.„Кеј 13 Ноември“ во Скопје, информира МВР.

– Во тој момент поради загрозување на неговата безбедност и безбедноста на приправникот кој бил заедно со него испукал четири куршуми во воздух за предупредување, а веднаш потоа осомничените избегале од местото на настанот, но по кратко време се пронајдени и приведени, соопшти МВР.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.