Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНападнат и ограбен таксист ноќеска по полноќ во Скопје

Нападнат и ограбен таксист ноќеска по полноќ во Скопје

Работник-таксист од Скопје е нападнат и ограбен ноќеска по полноќ во село Усје.
Според соопштувањето на МВР, во Полициската станица Кисела Вода лицето Т.З(51) пријавил дека вечерта околу 1 часот и 30 минути на последната постојка на „22ка“ во село Усје, додека го оставал патникот со такси возилото, бил пресретнат од автомобил од кој излегле три машки лица кои засега се непознати. Непознатите момчиња без причина влегле во возилото на такси возачот и почнале да го удараат по лицето со боксови и по целото тело барајќи му пари, а едно од напаѓачите му го земал мобилниот телефон кој бил марка „Ел-џи(LG)“. Од МВР пренесуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на овој немилосрден настан.