Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈНападнат автобус со новинари на Олимпијадата во Рио, двајца повредени

Нападнат автобус со новинари на Олимпијадата во Рио, двајца повредени

Службен автобус кој превезувал новинари кои известуваат од Олимписките игри во Рио бил нападнат со огнено оружје. Автобусот се враќал од кошаркарската сала во олимпискиот парк кога бил погоден со два куршуми. Стаклата испукале, а две особи се здобиле со полесни повреди.

– Можевме да го слушнеме ѕвечкањето на оружјето, во нас беше пукано – изјавила една од новинарките што се возеле во автобусот.

Организаторите наведуваат дека се засилени полициските и воените патроли, но не соопштуваат повеќе детали за нападот. Ова е втор инцидент со куршуми испалени кон новинарите во Рио. Во саботата еден куршум ја погоди салата во комплексот за коњички спортови промашувајќи ги новинарите само за неколку метри. Таа пукотница наводно била предизвикана од некој член на бандите во Рио кој сакал да го собори полициското бепилотно летало.