Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНапад врз суд во Авганистан, 7 мртви

Напад врз суд во Авганистан, 7 мртви

Најмалку седум лица загинаа, а 23 други се ранети вчера при напад врз суд во градот Пул и Алам во авганистанската провинција Логар. Нападот се случил за време на процес против шестмина неодамна уапсени талибнци, кога тројца вооружени мажи влегле во зградата и почнале да пукаат кон присутните. Меѓу убиените во нападот е и претседателот на судот.

Одговорност за нападот презедоа талибанците кои соопштија дека тој претставува одмазда за егзекуцијата на неколкумина нивни борци на почетокот на мај.