HomeДЕНЕШНАСветНапад во Кабул, 14 жртви

Напад во Кабул, 14 жртви

Четиринаесет лица се убиени во нападот на вооружени лица врз шиитска џамија во Кабул, а 26 се повредени, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека три лица го извршиле нападот. Двајца од напаѓачите се убиени, а по третиот се трага. Последниот напад врз шиитското малцинство во Авганистан беше на 23 јули во Кабул. Тогаш беа убиени 84 лица, а 130 беа ранети.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com