HomeДЕНЕШНАНапад со нож и пукање во куќата на манекенката Миранда Кер

Напад со нож и пукање во куќата на манекенката Миранда Кер

Инцидентот кој се случил на калифорнискиот имот на познатата австралиска манекенка Миранда Кер резултирал со повреда на две лица, односно еден маж бил застрелан со огнено оружје, а еден член на обезбедувањето бил прободен со нож. Овој инцидент во куќата на Миранда во Малибу се случил во петокот, откако непознат маж ја прескокнал оградата и влегол во имотот.

Еден од членовите на обезбедувањето реагирал и заработил повреда од нож со кој бил прободен во окото. Во самоодбрана, работник од обезбедувањето извадил пиштол и пукал во мажот повеќе пати.

2

Повредените набргу биле однесени во болница и се очекува да преживеат. Популарната манекенка Миранда Кер, за време на овој инцидент не била во својот дом.

m-ker

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com