HomeДЕНЕШНАСветНапад на најголемата американска воена база во Авганистан, најмалку четири жртви

Напад на најголемата американска воена база во Авганистан, најмалку четири жртви

Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени при денешната експлозија во најголемата американска воена база во Авганистан утринава, соопшти мисијата на НАТО во земјата. За нападот одговорност преземаа талибанските вооружени групи, јави ДПА. Во порака на Твитер, Талибанците наведоа дека бомбаш-самоубиец го извршил нападот, при што беа убиени четворица и повредени 15 лица.

Загинатите се странци, но засега не е позната нивната националност.Експлозијата во воздухопловната база „Баграм”, во источната провинција Парван, одекнаа малку по 05.30 часот (02.00 ч. по македонско време).САД имаат околу 10.000 војници во Авганистан, а најголемиот американски контингент во земјата е лоциран токму во базата „Баграм”, на педесетина километри северно од престолнината Кабул.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com