Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНапад на доктор и медицинска сестра во Тетово

Напад на доктор и медицинска сестра во Тетово

Вчера во тетовската болница татко на малолетно дете го нападнал дежурниот доктор И.О. (59) вработен како доктор во Детско Одделение. Станува збор за 25 годишниот Н.С. од селото Шемшово кој го започнал да го удира докторот откако тој му побарал упат, а исто така ја демолирал и неговата ординација. Откако докторот побарал од медицинската сестра да го повика обезбедувањето и таа била физички нападната. Случајот е пријавен во тетовската полиција.