Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНамирници штетни за здравјето на вашето куче

Намирници штетни за здравјето на вашето куче

Кучињата по природа се лакоми и сакаат да јадат се што јадете и вие. Затоа често скокаат додека јадете, а некогаш сигурно не сте можеле да одолеете. Но некоја храна, за кучињата е многу штетна. По препорака на сите ветеринари, ова се намирниците кои никогаш, ама баш никогаш не смеете да им ги дадете на кучињата.

Лук и кромид
Кромидот е посебно опасен за кучињата и не би требало да го консумираат во било каков облик – сиров, во прав или варен. Големата количина на овој зеленчук ги загрозува црвените крвни зрнца што може да доведе до анемија пропратена со повраќања, слаб апетит, забавеност и отежнато дишење. Пропил-сулфидот е состојката која е посебно опасна за здравјето на миленикот.

Житарици
Проблем може да направи пченицата, пченката и оризот. Пестицидите кои тешко се отстрануваат од свежите житарици исто така може да бидат штетни за здравјето на кучето. Наместо житарици, давајте му на миленикот повеќе зеленчук од кој ќе ги внесе доволните количини јаглехидрати и скроб.

Шеќер
Шеќерот во стандарден облик му е сосема непотребен на вашиот миленик. Преголемите количини на колачиња и шеќери може да доведат до стоматолошки проблеми, дебелина, па дури и дијабетес.

Грозје
Грозјето може да предизвика заболување на бубрезите, а за тоа доволни се само неколку зрна. Повраќањето е првиот знак за болест, а во текот на денот кучето може да стане летаргично и депресивно. Најдобра превенција е грозјето да го чувате далеку од видикот на вашиот миленик.
cokolad
Чоколадо
Иако сите сопственици на кучиња знаат дека чоколадото е отров за кучињата, сепак често знаат да им дадат некое ќоше од коцката. Во тој момент ризикувате кучето да се соочи со иритација, нервоза, несоница, па дури и благ делириум.

Млеко и млечни производи
Мали количини на млечни производи нема да му штетат на вашето куче, но сепак треба да имате мерка. Честото консумирање на млеко, јогурт или сирење може да предизвика гасови, проблеми со варењето, па дури и дијареа.

Масни делови од месото и коски
Маснотијата извадена од парчето месо не е наменета ниту за луѓето, ниту за кучињата затоа што може да предизвика панкреатитис. Коските исто така не би требало да се темел на исхраната, туку само повремена награда.

Тесто со квасец
Редовното консумирање на тесто може да му создаде сериозни проблеми со варењето и болки во стомакот. При допир со содржината во стомакот, квасецот може да ферментира и да создаде алкохол кој е посебно штетен за организмот на кучето. Затоа избегнувајте го белиот леб, макароните, компирите…

Сол и зачини
Преголемото количество на сол предизвикува претерана жед, често мокрење и може да доведе до благи облици на труење со натриум, што понатаму доведува до оштетување на црниот дроб. Симптомите по кои ќе го препознаете се повраќање, депресија, зголемена температура.