Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНамирници кои го чистат организмот од никотин

Намирници кои го чистат организмот од никотин

Никотинот кој се таложи во организмот може да биде отровен. Затоа, кога веќе пушите цигари, барем погрижете се редовно да го чистите организмот од никотин. Неколку намирници можат да ви помогнат во тоа.

1. Зелен чај и витаминска вода
Со пушењето телото ја губи прекупотребната течност и организмот многу побрзо доаѓа во дехидрациска состојба. Со пиењето големо количество вода, витаминска или зелен чај го плакнете никотинот од телотот и му помагате на организмот да се исчисти.

2. Киви и лимон
Освен водата, пушењето од телото ги исфрла и витамините А, Ц и Е кои го јакнат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разни инфекции и бацили. За да ги надоместите изгубените витамини посегнете по едно овошје киви дневно или пак секое утро испијте чаша лимонада од исцедениот сок од лимон.

3. Спанаќ и брокула
Фолната киселина е многу важна за нормално работење и развој на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотинот. Освен во облик на таблети, фолната киселина, но и споменатите витамини можете да ги пронајдете во спанаќот. Брокулата изобилува со витамините Ц и Б5 кои засилено се губат со пушењето.

4. Свеж морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа грда нуспојава од пушењето, консумирајте повеќе моркови. Тие содржат големи количини витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото. Морковот исцедете го во соковникот, помешајте го со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.

5. Сок од портокал
Овој освежителен пијалак го хидратизира телото, му ги пружа потребните витамини, но и го чисти организмот од никотинот. Исцедете два портокали, додајте малку вода и испијте го сокот помеѓу оброците.