Friday, May 29, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаНаместо нови избори, треба да се избере нова влада, порачуваат амбасадорите на Шведска, Холандија и на Словенија

Наместо нови избори, треба да се избере нова влада, порачуваат амбасадорите на Шведска, Холандија и на Словенија

амбасадори

Амбасадорите на Кралството Шведска, Кралството Холандија и на Словенија денеска не сакаа да ги коментираат информациите на германскиот весник „Шпигел“ дека Брисел размислува за воведување санкции за Македонија и за одредени политичари кои придонесуваат за продлабочување на политичката криза и за блокирање на демократските процеси.

Амбасадорите велат дека засега немаат такви информации дека Европската Унија планира да воведе казнени мерки за Македонија, ниту пак за плановите за кратење на претпристапните ИПА фондови.

Дипломатите оценија дека изборите во декември биле коректни, фер и дека имаат чист резултат, поради што не гледаат причина за одржување на уште едни предвремени парламентарни избори. Тие сметаат дека резултатите од изборите одржани на 11 декември треба да се имплементираат и да се формира нова влада.

Според амбасадорите, евентуалните нови избори ќе придонесат за пролонгирање на политичката криза, која како што рекоа, предолго трае.
Тие сметаат дека што побргу треба да се организираат локалните избори, бидејќи, нивното пролонгирање лошо ќе влијае врз економијата.