HomeДЕНЕШНАСветНајмалку десетмина го преживеале падот во Медејин, од нив тројца се фудбалери

Најмалку десетмина го преживеале падот во Медејин, од нив тројца се фудбалери

kolumbija-avion

Најверојатно десетмина патници ја преживеале тешката авионска несреќа во колумбискиот град Медејин, откако се урна авион на боливиската чартер компанија „Ламија“. Спасувачки екипи досега пронајдоа 10 преживеани лица, како и тела на 25 загинати, при уривањето на авионот со 81 патници и членови на екипажот, меѓу кои и фудбалери на бразилски тим.

medellincrash_12x5_1600

Аеродромот во Меделин, каде што требаше да слета авионот, на Твитер наведе дека операцијата за потрага по преживеани во несреќата е отежната поради силните дождови во регионот, како и дека до местото на несреќата може да се стигне само по копнен пат.

Според колумбиската управа за цивилно возфухопловство, причините за несреќата се уште не се познати, како ни точниот број на жртви.

– Веројатно авионот останал без гориво, изјавил Елкин Оспина, градоначалник на блискиот град Ла Цеха.

Со урнатиот авион патувале и фудбалери на бразилски клуб „Чапокоензе“, кои утре требаше да играат натправар во Меделин против локалниот клуб „Атлетико Насионал“ во финалето на Купот на Јужна Америка.

Меѓу десетмината преживеани патници се и тројца фудбалери на „Чапокоензе“

– Ова е огромна трагедија, истакна градоначалникот на Меделин, Федерико Гутирес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com