HomeДЕНЕШНАСветНајмалку 26 жртви во нападите во Ирак

Најмалку 26 жртви во нападите во Ирак

fsfss

Билансот на загинатите во самоубиствените напади во ирачките градови Тикрит и Самара се зголеми на најмалку 26 лица, а одговорноста за нападите ја презеде групацијата Исламска држава, пренесува МИА.Портпаролот на провинцијата, Салахудин ал Хамдани изјави дека 11 лица загинале во Самара, каде напаѓач активираше автомобил-бомба на паркинг меѓу шиитски верници. Ранети се околу сто лица.

Според официјален ирански претставник, одговорен за организација на верските патувања, десетмина ирански аџии загинале во терористичкиот напад во Самара.

Најмалку 15 лица загинаа во нападот во Тикрит, каде бомбаш-самоубиец денеска крена во воздух возило на брза помош, полно со експлозив, на контролен пункт пред градот. Во нападот се ранети околу 25 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com