Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНамалено нивото на реките во Македонија

Намалено нивото на реките во Македонија

Нивото на реката Вардар кај Скопје и Јегуновце и на Црна кај Новаци е двојно пониско од просекот за мај, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи.

Според податоците на УХМР, Вардар кај Велес и Демир Капија, како и Треска кај Македонски Брод се исто така под просечното ниво, нешто повеќе од двојно е намален водостојот на Црн Дрим, а драстично пониска вредност, според мерењата, покажува нивото на Сатеска кое деновиве се движело од два до седум сантиметри за разлика од мајскиот просек кој изнесува 38 сантиметри.

Приближно на просечното ниво за овој месец се Пчиња, Струмица и Крива Река.