Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНамален влезот на мигранти во земјава

Намален влезот на мигранти во земјава

На вкупно 170 миграни во четвртокот од страна на МВР биле изнесени потврди за влез во земјава, од кои 67 се деца, 59 возрасни мажи и 41 се жени. Според државјанството потврди се изнесени на 128 државјани на Сирија и 42 државјани на Ирак, додека на државјаните на Авганистан се уште нема издадено потврди.

Мигранти Гевгелија

До секторот на азил, не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил. Од почетокот на годината издадени се вкупоно 87.206 потврди за влез во земјава на странски државјани. Според државјанството, најмногу потврди се издадени на лица од Сирија- 42.772 , потоа Авганистан-26.546 па Ирак- 17 ,878 .