Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНамален бројот на склучени бракови во второто тримесечје

Намален бројот на склучени бракови во второто тримесечје

Државниот завод за статистика објави колку бракови се склучени, колку разводи се случиле и колку деца се родиле во второто тримесечје од оваа година.

Па според тоа, евидентирани се 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалку од истиот период минатата година.

Намалување од 1,6 отсто е забележано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Во вториот квартал од годинава биле склучени 3.194 бракови, што е за 14,6 отсто помалку од лани. Во овој квартал се регистрирани и 279 разведени бракови.