Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНамален бројот на работници во индустријата

Намален бројот на работници во индустријата

Индустриското производство во јуни годинава, бележи пад од 4,4 отсто во однос на јуни 2015 година, а во првите шест месеци од годинава има пораст од 5,6 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава бележи опаѓање од 21,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 0,3, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 20,4 проценти.

Производството бележи пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 77,3 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 25,9, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2, Капитални производи за 7,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто.