Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНаков: Скандалозна е пресудата за напаѓачите – таа е доказ за злосторничко здружение кое бега од правдата

Наков: Скандалозна е пресудата за напаѓачите – таа е доказ за злосторничко здружение кое бега од правдата

Ова е скандалозна пресуда, брзањето да се донесе пресуда укажува на планот и програмата на едно злосторничко здружение кое бега од правдата и вистината. Целта на донесувањето на ваквите пресуди е да станат правосилни како не би можеле да бидат преквалификувани, изјави за А1он, поранешниот Јавен обвинител Александар Наков во однос на денешната пресуда за учесниците во насилниот упад во Собранието.

Тој вели дека сторителите на потешките кривични дела меѓу кои се и деветмината ќе бидат предмет на докажување во друга постапка.

– Јавното обвинителство од самите снимки од Собранието кои вчера излегоа во медиумите. веќе има нови докази во однос на деветмината и другите учесници во насилието, вели Наков.

Според поранешниот Јавен обвинител, на крвавиот четврток при насилното влегување во Собранието биле сторени и други кривични дела покрај делото учество во толпа која ќе спречи дејствување на службено лице на службена должност.

-Во севкупните настани од 27 април се сторени околу 28 потешки кривични дела како тешка телесна повреда, насилство, велепредавство, тероризам, обид за убиство по нарачка, вели Наков.

Откако деветмината учесници во насилниот упад во Собранието на денешното судење ја признаа вината, судијката Милка Стефкова им изрече условна казна од 6 месеци.