Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНајпознатите даночни оази

Најпознатите даночни оази

Осумдесет држави се наоѓаат на листата на даночно прибежиште, но овие се на самиот врв. Милионерите и милијардерите секогаш бараат начин како да задржат што повеќе пари и да платат што помалку данок. Токму затоа даночните прибежишта или т.н. земји кои имаат исклучиво ниски или непостоечки даноци, се места кои им се од особена важност.

Таму тие ги искористуваат „дупките“ во законот и отвораат нови сметки, но покренуваат и корпорации со нула трошоци. Освен поволните даночни закони, многу од тие земји се и егзотични дестинации кои на странските инвеститори им нудат поедноставена постапка за државјанство. „Бизнис инсајдер“ претстави осум најпознати даночни оази меѓу кои се Белизе, британските Девствени Острови, Кајмански острови, Костарика, Монако, Сејшелски острови, Панама, Порторико.

Милијардери и милионери доаѓаат во овие места за да ги искористат предностите на даночните поволности кои овозможуваат отворање офшор банкарски сметки и корпорации-школки, а притоа плаќаат многу малку или речиси ништо, пишува „Бизнис инсајдер“, додавајќи дека на таков начин се избегнуваат високите даночни стапки, кои во спротивно би требало да се плаќаат во матичните земји.

Неодамна, американската даночна управа (ИРС) најави дека планира да оди по американските државјани кои имаат офшор-сметки. Сепак, тоа не е пречка за многу богати поединци кои сакаат да ги избегнат високите давачки и не се плашат од даночните импликации.