Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиНајпосетуван четврток во историјата на „Егзит“!

Најпосетуван четврток во историјата на „Егзит“!

Првата вечер од 16 по ред издание на фестивалот „Егзит“ кој се одржува во Нови Сад, претставуваше најпосетената прва вечер во историјата на овој фестивал, на Тврдината беа собрани околу 44.000 посетители кои допринеа да започне „Егзит“ магијата со традицоналниот огномет на главната бина.

Не долго после отворањето на четиридневната журка на Петроварадинската Тврдина, огнометот и одличните вибрации ги предизвика поп принцезата Ели Гулдинг чие име публиката го скандираше за време на отварањето на спектаклот.

Egzit-f2

Egzit,-Gulding-f2

Возбудувањето на главната фестивалска бина продолжи со настапите на британскиот хит дует „Сигма“, а потоа настапија и ди-џеј Хајп, па хип-хоп дивата мис Дајнамајт. На останатите бини на отворањето настапија Димитри Вегас и Лајк Мајк, Солумун, неколку домашни изведувачи и други уметници.

Bastille,-Egzit-f2гзит,