Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНајмалку 22 бегалци загинаа во нови бродски несреќи

Најмалку 22 бегалци загинаа во нови бродски несреќи

Нови бродски несреќи помеѓу Турција и Грција. Најмалку 22 бегалци, вклучувајќи 13 деца, се удавиле синоќа во Егејското Море покрај грчките острови Калимнос и Родос во два нови инциденти со бродови. Грчката крајбрежна стража успеала да спаси 144 бегалци.

Изутринава покрај островот Калимнос се пронајдени телата на 19 бегалци, меѓу кои шест жени, осум деца и две бебиња, пренесува МИА. Според првичните информации на бродот, кој се превртел имало околу 150 лица. Спасени се 138 лица, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по евентуално исчезнати лица.

Во друг инцидент со чамец покрај островот Родос се удавиле една жена, едно дете и едно бебе, а по три лица се уште се трага. Шест лица се спасени.