Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНајмалку 19 цивили загинаа во воздушни напади врз Алепо

Најмалку 19 цивили загинаа во воздушни напади врз Алепо

Најмалку 19 цивили меѓу кои три деца загинаа денеска во воздушни напади врз две области во Алепо што се под контрола на бунтовниците, соопшти Центарот за мониторинг на човекови права.

Нападите ги извршиле руски или сириски авиони врз населбите Тарик Ал Баб и Ал Сахур и во нив загинале најмалку 19 цивили, десетици се ранети од кои голем број се во критична состојба.

Западни медиуми јавуваат дека нападите траат од синоќа и денеска се проширени на две други области.

МИА