Tuesday, Nov 21, 2017
HomeДЕНЕШНАСветНајмалку 15 загинати во судир на автобус и камион во Саудиска Арабија

Најмалку 15 загинати во судир на автобус и камион во Саудиска Арабија

soobrakjajka SAudiska Arabija

Најмалку 15 луѓе загинале, а 60 се повредени во сообраќајна несреќа што се случила со судир на автобус и камион на патот од саудиската престолнина Ријад кон градот Ал Касим, соопшти саудиската Црвена полумесечина.

Во евакуацијата на повредените, од кои петмина се во критична состојба, учествувале и два хеликоптера. Не е познато како дошло до судирот, ниту кои се националностите на жртвите.

Според податоците на Министерството за здравство, сообраќајните несреќи се најчеста причина за смрт помеѓу младите во таа земја. Секој ден во Саудиска Арабија во сообраќајни несреќи умираат повеќе од 17 луѓе.