Saturday, Apr 20, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаНајхрабрите на бојното поле низ историјата

Најхрабрите на бојното поле низ историјата

”Не дозволувајте да умрам неславно и без борба, но пред тоа дозволете ми да направам нешто големо што ќе се памти тука, потоа.” Хектор од Троја.

Низ историјата многу индивидуалци се издигнале во војна како супер-херои. Во напад или одбрана, ова е еден мал дел на луѓе кои издвојуваат низ историјата како храбри идндивидуалци кои се бореле за своите земји до смрт.

Агис трети од Спарта

sparta

Во борба во која биле значително помалку бројни, на работ на пораз, Агис трети и наредил на својата војска да се повлече воедно и раштркано да бега за своите животи. Тој лично со својата гарда останал да ”купува” време за своите луѓе во замена за неговиот живот.

Семпрониус Денсус

Centurion
Како ројална гарда на императорот Галба, Денсус би принуден да застане пред 1000 војници за да го зачува човекот кој едвај го познавал. Денсус бил воен ветеран кој бил многу моќен на бојното поле. Меѓутоа покрај сите обиди да не дозволи војската да пројде, Денсус бил убиен набрзо одкако ги предизвикал сите илјада луѓе да се борат со него. Набрзо по смрта на Денсус, императорот Галба бил обезглавен.

Диан Веи
DianWei

Последниот здив Диан Веи го губи во битката кај Винченг 197-та година кога кралскиот камп бил нападнат од непријателите длабоко во ноќта. Веи како лидер на кралската гарда ја пречекал целата војска сам со две секири, секоја тешка по околу 20-тина килограми. Тој успеал да убие многу војници пред кукавично да се усмртен со лак и стрели.

Викингот на мостот Стамфорд

viking

Нападната од Саксонците во сред ноќ, викинзите немале време ни да си ги облечат оклопите. Само еден викинг бил спремен за борба кој воопште не ни имал име. Тој застанал сам на мостот кај Стамфорд да ја пречека војската на Саксонците. Мислијки дека еден викинг нема да промени ништо, заспени од победата на повидок нападнале. Се вели дека викингот сечел оклопи и шлемови како со секирата да проаѓа низ врел путер. Викингот бил запрен одкако кукавично бил прободен со копје во најслабата точка на мажите.