Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Airlander 10 – најголемото летало на светот за прв пат полета

(Видео) Airlander 10 – најголемото летало на светот за прв пат полета

„Airlander 10“ првпат полета од аеродромот „Кардингтон“ во близина на Лондон. Летот траеше половина час, пренесува АП.

Ова е најголемото летало на светот, кое претставува хибрид меѓу авион и цепелин. Леталото е долго 92 метри и чини 25 милиони фунти.

Според Hybrid Air Vehicles, авионот користи хелиум за да лебди, може да издржи куршуми и да функционира во сите временски услови, пишува Gizmodo.

За разлика од обичните авиони, за “Airlander 10” не е потребна писта и може да слета на повеќе површини, вклучувајќи и вода.

Името на ова летало е Марта Гвин а тоа е добиено според името на сопругата на директорот на британската компанија и производител на леталата Hybrid Air Vehicles (HAV).