Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНајголемите заблуди за стомачните мускули

Најголемите заблуди за стомачните мускули

Се верува дека најголемото достигнување при тонирањето на телото се стомачните мускули. Иако има многу прашања во врска со истата мускулна група, сепак ги одбравме најголемите митови за стомачните и решивме да ги демантираме.

Не ви се потребни многу вежби

Имате некој пријател прави безброј стомачни секој ден, а сепак нема резултат? Се прашувате како да дојдете до изразени стомачни? Одговорот е лесен – изгубете го вишокот на сало во пределот на стомакот.

Честопати се случува некој да се пожали на “надуен” стомак по вежбање. Една од причиите е фактот дека стомачните се зголемуваат со оптеретување за време на вежбањето. На ова додадете го салото кое го имате и ќе добиете на волумен.

Секако ова не значи дека не треба да практикувате вежби кои ги обликуваат стомачните. Напротив посветете доволно време (барем 5 минути) секој тренинг за да ги одржувате или да ги обликувате.

abbs2

Бројот на плочките е генетски одреден

Сигурно сте се запрашале зашто стомачните не се исти кај сите луѓе. Вистината е дека постојат повеќe видови на стомачни. Тоа какви (фронтални) стомачни ќе имаме е прашање на генетиката уште кога се раѓаме. Повеќето имаат 6 плочки, а поретко се случува да се има 8, 4 или 5.

abbs3

Страничните се најтешки за обликување

Статистиката покажала дека овие мускули во абдоменот најтешко се обликуваат. Две големи причини за тоа се тенденцијата на салото да се претвара во таканаречената гума за спасување, а втората причина е бидејќи не им се посветува толку време како на фронталните. Доколку сакате да имате изразени странични стомачни мускули вашно е да им посветувате онолку време како и на останатите мускули во абдоменот.