Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал„Најголемиот талент на денешницата“ пристигнува на „Енфилд Роуд“

„Најголемиот талент на денешницата“ пристигнува на „Енфилд Роуд“

Вундеркиндот од Норвешка својот фудбалски развој ќе го продолжи во Ливерпул, пренесуваат медиумите во оваа скандинавска земја. Германските медиуми први пренесоа дека 15-годишниот Едвард Сандвик Тагсет на чекор Ливерпул. Овој тинејџер е оценет како најголем талент на денешницата, а тренерот на пионерската репрезентација на Норвешка Гунер Хале истакна дека ова момче е поталентирано и од Мартин Одегард и дека треба да му се верува бидејќи тој ги има трениерано двајцата.

„Едвард е покомплетен од Мартин. Има подобри предиспозиции. Тој ќе биде најдобриот норвешки фудбалер на сите времиња“, изјави Хале. Тагсет, кој првите фудбалски чекори ги направи уште како четиригодишно дете, на „Мелвуд“ ќе пристигне во 2017 година, кога ќе наполни 16 години.