Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНајдобрите студенти повторно со стипендии за светски универзитети

Најдобрите студенти повторно со стипендии за светски универзитети

Најдобрите студенти кои ќе се запишат на светски признат универзитет и оваа учебна година ќе добијат целосна државна стипендија, потврди екс премиерот Никола Груевски како една од главните заложби за академските граѓани на владејачката партија.

– Оваа програмата шеста година се реализира. Целта на државата е да овозможи на студентите кои имаат висок капацитет и желба да се образуваат на најпрестижните универзитети во светот, независно на нивната материјална состојба, но истовремено да се обезбеди дека тие студенти ќе се вратат во земјава, рече Груевски.

Предвидени се 42 стипендии и студентите по завршувањето на образованието во странство имаат обврска да се вратат во Македонија со цел да го применат знаењето и намајлку шест години да работат во приватниот или државниот сектор инаку во спротивно ќе треба да ги надоместат вложените пари на државата.