Sunday, Jul 23, 2017
HomeАНТИСТРЕСПатувањеНајдобриот хотел за 2015 година според TripAdvisor

Најдобриот хотел за 2015 година според TripAdvisor

Познатиот туристички сајт TripAdvisor неодамна направи анкета со цел да го одберат најдобриот хотел во светот за 2015 година.

Изненадувачки, не се работи за урбан или престижен хотел. Првото место му припадна на необичниот Gili Lankanfushi ресорт на Малдивите.

гили1Се работи за комплекс од дрвени вили и бунгалови на вода, сместени на приватен егзотичен остров. На располагање имате безброј работи: приватен батлер,вкусни азиски и медитерански специјалитети, тераси со лежалки, кино на плажа, голем надворешен базен и уште многу други поволности кои ќе ви пружат уживање какво што заслужувате.

гили2гили3Цената за ова прекрасно место? Од 1.100 долари па нагоре за една ноќ. Воопшто не звучи евтино, но она што го добивате за таа сума е бесценето.

гили4гили5